Број на текстови објавени денес: 16
Свет

Досетлив Хрват: За место под сенка наплаќал 2 евра, ама јавноста му ги загорчи

За место под сенка во кампот Маслиник во Хрватска се наплаќаат по две евра за возрасни и по 1,5 евро за деца, објави хрватската новинарка Весна Кљајиќ на својот профил на Фејсбук.

По обелоденувањето на оваа информација, сопственикот на кампот Маслиник, Златко Докиќ, ја укинал оваа давачка.

– Откако се затрупа просторот на плажата на која изнајмувам дрвени лежали и сонцобрани, бев приморан да наплаќам за „место под сенка“. Можеби сум се изразил лошо, ама тоа е просторот кој се наоѓа покрај сонцобраните и лежалките како моите гости непречено би уживале на плажата. Но, гледам дека оваа вест ја разбранува јавноста, и решив од денеска веќе да не наплаќам за „место под сенка“ како би биле задоволени сите верни борци за правда од кауч, но и како би видел народот дека понекогаш неговите желби се уважуваат. Отсега ќе можат бесплатно да ја користат сенката под маслинките. Тоа што со сигурност можам да го кажа дека легално наплаќам за својот имот и во тоа нема ништо спорно. Ете драги сите, се реши и таа мистерија со наплатувањето на сенката – рече Докиќ за Оток Крк.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меѓународната контакт група ја осуди забраната за Гуаидо

saso user

Албанската опозиција го откажа протестот пред Парламентот

saso user

Јавниот обвинител на Париз: Пожарот во Нотр Дам бил предизвикан ненамерно

saso user