Бизнис

Анѓушев: Во комуникација со бизнис секторот се креираат бизнис политиките

Владата и бизнис-секторот имаат отворена и искрена комуникација, преку која се креираат и имплементираат најсоодветни политики за побрз и одржлив економски раст во Република Северна Македонија, истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната трета седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог.

Средбата се одржа во рамките на Проектот за подобра бизнис регулатива, спроведуван од Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, МАСИТ и Стопанската комора на северозападна Македонија, во соработка си ЕПИ центар, поддржан од УСАИД.

Како што соопшти Кабинетот на Анѓушев, вицепремиерот нагласи дека со меѓусебна соработка помеѓу Владата и стопанството, претставувано од стопанските комори, во изминатиот период се донесени низа економски политики, закони и мерки, кои се во насока на технолошки развоj и воведување иновации, а со тоа и подигнување на конкурентноста на компаниите, но и за раст на плати и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

– Законот за финансиска поддршка овозможува подеднаква поддршка за домашните и странските компании, со новиот Закон за енергетика се раздвижува енергетскиот сектор и се овозможени инвестиции во обновливите извори на енергија, Законот за јавни набавки и Законот за практиканство, сите овие законски решенија се донесени преку отворени дебати и на барање на стопанството, пред сѐ, во насока на подобрување на бизнис климата во земјата – појасни Анѓушев.

Вицепремиерот дополни дека продолжуваат активностите во изградба на квалитетна патна и железничка инфраструктура, како и гасификацијата и електро енергетските проекти, за зголемување на конкурентноста на економијата во Северна Македонија, при што најави дека во периодот кој следи Владата ќе објави нови мерки кои ќе стимулираат забрзан раст на платите, но и на севкупната економија.

Претставниците од стопанските комори, како што се наведува во соопштението, изразија очекување дека соработката помеѓу Владата, министерствата и бизнис-секторот ќе продолжи да се развива во позитивна насока и дека ќе се задржи позитивниот тренд да бидат консултирани при носење важни законски решенија, со кои би било засегнато стопанството.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

САД со царини за европски производи

saso user

Николовски за родбинските вработувања: Со нетрпение чекам Антикорупциска за се изјасни за случајот на братичед ми

saso user

Работилница во Народната банка: Како најсоодветно да се поддржи развојот на иновативен финтек екосистем?

saso user