Македонија Топ вести

Судијата го одби барањето на Кочан да не оди во затвор оти е болен, но може да се жали

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО.

– Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна на еден од обвинетите во конкретниот предмет, како и разгледување и ценење на истата, на 19.07.2019 година донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано – соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

Решението веќе е доставено до странките во постапката кои имаат право на жалба до Кривичниот совет, а по правосилноста на решението Кочан е долежн веднаш да се јави на издржување на затворската казна.

Сеад Кочан требаше да се јави на издржување на затворската казна на 17 јули, откако Кривичниот совет ја потврди одлуката на судијата од Кривичниот суд да се одбие неговото барање за одложување.

Во меѓувреме, тој поднесе друго барање за одложување на издржување на казната поради болест, што исто така, е одбиено.

Сеад Кочан е осуден поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација. Кочан, кој е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна првично доби шест години казна затвор, но Апелацискиот суд му ја намали казната на четири години и осум месеци.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев: Боки 13 изнесува лаги за да си ја зајакне позицијата на моќ, не сум соработувал со него

saso user

Јанакиески сместен во болница

saso user

Преминот Стрезимир-Рестилица од утре до 20 август отворен за минување

saso user