Здравје

Ако еден месец јадете по 2 банани дневно, ќе ви се случат овие 6 неверојатни работи!

Бананите се богати со витамини и минерали и нудат големи придобивки за здравјето.
Нутриционистите тврдат дека ако само еден месец јадете по две банани дневно, ќе му направите голема добрина на вашиот организам и вашата здравствена состојба.

1. Подобро расположение

Ова жолто овошје ја содржи состојката триптофан, вид белковина која телото ја претвора во серотонин, познат како хормон на среќата. Благодарение на него кој побрзо продира во мозокот, нашето расположение е на врвот, па сме посреќни.

Во бананите има многу триптофан, па затоа кога ќе се почувствувате лошо или ќе ви се причини дека сте на работ на депресија, навалете на ова овошје. Покрај тоа, серотонинот дејствува смирувачки па го подобрува сонот.

2. Забрзана дигестија

Ова овошје е одличен извор на влакна, поради што ги регулира сите проблеми со цревата.

Ако изедете една банана пред оброк, нема да имате проблеми со надуеноста. Тоа е така затоа што, иако многумина мислат поинаку, бананите не се виновни за запекот. Напротив, го регулираат и забрзуваат дигестивниот систем.

3. Регулиран притисок и здраво срце

Содржат мошне малку натриум, но полни се со калиум, што е одлично за регулирање на крвниот притисок и здравјето на срцето. Научниците тврдат дека секојдневното консумирање банани може да го намали ризикот од срцев удар за дури 40 отсто.

4. Полни со енергија

Кога се чувствувате малаксано и исцрпено, слободно навалете на бананите. Поради влакната што ги содржат, ќе ви ја дадат неопходната енергија. За тоа доволно зборува фактот што спортистите редовно консумираат банани за да остваруваат подобри резултати. Имено, магнезиумот што се наоѓа во ова овошје е одличен за раст на мускулите.

5. Лек за киселините во желудникот

Бананите се добар извор на антициди, кои се заслужни за лекувањето на непријатните киселини во желудникот.

Покрај тоа, доколку на вашиот организам му недостасува железо, бананите можат да ви помогнат. Материите од бананите ги стимулираат црвените крвни зрнца и производството на хемоглобин, па значајно им помагаат на анемичните луѓе.

6. Подобро памтење и концентрација

Студентите што јадат банана за појадок, ужина и по ручекот имаат значително повисоко ниво на концентрација, тврдат научниците.

Тоа е така затоа што калиумот од бананите ја поттикнува работата на мозокот, го олеснува учењето и памтењето.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јадете круши!

saso user

Овој пијалaк предизвикува брчки

saso user

Германија изрекува казна од 2500 евра на родителите кои не ги вакцинираат децата против морбили

saso user