Досие Топ вести

ДОСИЕ: МИЈАЛКОВ И СИНИША АЛЕКСОВСКИ ЈА УНИШТИЈА МАКЕДОНИЈА, ДЕЛ-1-ВИ

Две години наназад РСМ е мета на повеќе соседни тајни служби, кој имаат воспоставено цврсти корени во севкупното опшествено живеење во РСМ. Поголем дел од нивните резиденти во РСМ, беа сместени во полиискиот апарат на МВР,на кои соработката со соседните служби и оддавањето на државни тајни ,им служеше, едно да се стекнат со поголема доверба ка Фирерот Груевски, а од друга страна, да си го зголемат на криминален начин сопственото фамилијарно конто.

МЕДИУМСКИОТ ГУРУ НА ГРУЕВСКИ И ИВАНОВ-СИНИША АЛЕКСОВСКИ!

Секако најконтраверзна личност, етаблирана во безбедносните структури, а за жал и во општествениот живот во РСМ, е лицето Синиша Алексовски, по потекло од село Тажево -Макеоднски Брод. Од обичен полицаец прашинар, благодарение на неколку фактори, случајни постанува маркантна личност во македонските безбедносни структури.

Вујкото на Алексовски, кој живееше во Охрид, неколку децении беше виден припадник на СИД, дипломат од кариера во СФРЈ но и еден од оние кој во времето на СФРЈ, а и до 1996 година беа дрматори во безбедносните служби и во тогашна Р.Македонија.

-Во Ноември месец 2008 година, пред ПМФ во Скопје од страна на НН лица пукано е во припадниците на единицата „Алфа“.Тогаш еден од припадниците на единицата „Алфа“ е убиен, додека двајца беа тешко ранети. Еден од ранетите беше и бартот на Синиша Алексовски,Едвард Алексовски, кој едвај преживеа. Во 2009 година Синиша Алексовски, како голем вмровец постанува Началник на единицата „Алфа“. Но, желбата да и самиот постане Алфа мажјак во МВР и да конторлира се во МВР, не оди така лесно како што посакува Алексовски, па така веднаш доваѓа во судир најнапред со тогашниот Началник на ЦПС на МВР Јордан Размовски, со првиот телохранител тогаш на Никола Груевски, Урко. Се започнува со едно недоразбирање помеѓу Размоски и Урко, кога Урко ја крши влезната врата на кабинетот на началникот на ЦПС Размоски.Во моментот во кабинетот на Размоски присутен е и Алексовски, но тој ништо не превзема да го заштити Размоски од Урко. Послем несаканата сцена која се одвивала во кабинетот на размоски, Размоски веднаш се жали кај тогашниот директор на БЈБ -Радникот,кој е ментор на севкупната кариера на Размовски,која датира не само од школските полициски денови, туку, Радникот се ревашира за настан од 2001 година, кога Размоски како началник на Крим Полиција при СВР Охрид, во тогашната акција „Керозин“,кога треаше да бидат апсени Сашо Мијалков и Радникот, го одлагаше претресот во С.Велешта-Струга цели 24 часа,се додека не се испразна во целост предметниот објект ,каде што беше сместена поголема количина на наркотици. Тогаш, по наредба на тогашниот министер Љубе Бошкоски ,а и по наредба лично на тогашниот премиер Љубчо георгиески, стопирана беше во целост Акцијата „Керозин“. Мијалков беше разрешен од Воено Разузнавање, додека Радникот беше префрлен наместо од директор на НТШ, во инспектор по општ криминал, или популарно наречено -„Инспектор по кокошки“!

ПОДЕЛБА НА РЕКЕТОТ ГИ РАЗДЕЛИ АЛЕКСОСКИ, ТОДОРОВСКИ И МИЈАЛКОВ.

Во 2010 година  во МВР се појавуваат три пет маркантни фигури, кој едни со други буквално не сакаат ниту очи да си видТ.

Мијалков никако не може да дозволи да дели со Радник, Урко, Алексовски, Размоски и Јанкулоска.Од како Алексовски увидел дека тешко ќе се справи со Мијалков, започнува меѓусебно медиумско кодошење, внатре помеѓу нив.

Алексовски, веднаш се активира на медиумско поле и дава инсајдерски информации тогаш до опозициските медиуми, што веднаш го дознава Сашо Мијалков и веднап му дава шут карта како началник на единиците „Алфа“. Алексовски, кој е во тесни родниски релации со тогаш првата дама на РСМ Маја Иванова, и веднаш по барање лично на Иванов, се прфрла во кабинетот на Иванов ,како советник за национална безбедност.Тогаш Алексовски со себе повлекува поголем дел од вработените во единицата Алфа, на кој тој им бил началник и ги поставува како обезбедување на претседателот Иванов, а дел од нив ги разместува во Агенцијата за разузнавање на РСМ. Игранката и надмудрувањето помеѓу Мијалков и Алексовски започнува.

СЛУША МИЈАЛКОВ, ПРИСЛУШУВА И АЛЕКСОВСКИ?!

Голем јаз помеѓу УБК и АР настанува со назначувањето на Алексовски за советник на Национална безбедност кај ПРМ. Алексовски веднаш собира ноивинарски екипи помеѓу себе ,предначат Миленко, Јанко, Гетева, Димиторвски, Велиновска, Кабранов и други, на кој Алексовски имдава пишани материјали, кој овие експресно ги лифероуваат. Во меѓувреме Алексовски постанува близок пријател и со поглаварот на ИВЗ, каде успева да му одметне голем дел од неговата поранешна екипа од единицата Алфа, како негово лично обезбедување, со што го клава под своја контрола и поглаварот на ИВЗ.

АРАБЕСКА

НЕОСГЛАСУВАЊЕТО  на Алексовски со Мијалков, кулминира кога пред ресторанот Арабеска сопственост на тогаш тандемот Милевски-Камчев, доваѓа до судир помеѓу Камчев и Зоран Милевски-Кичевски, при што Кичевски му удира на Камчев неколку „воспитни“ !? Кум на овој настан бил лично Алексовски, кој на Кичевски му дава лажни информации ,дека Камчев не само што наводно го крадел, туку секаде зборувал погрдни зборови за Кичевски дека бил тежок сељак,.Од кога Кичевски му залепил неколку „Воспитни “ на Камчев, камчев не можел да се помири ,дека го нападнал „сељак“, па така веднаш се среќава со Мијалков, од кого бара да расчисти со Кичевски,кој до тогаш бил под заштита на Мијлаков,пооседувал и легитимации за припадник на УБК!?

Сложни калугери и во петок мрсат, па така дилот на Мијалков и Камечев резултирал со претепување на Кичевски пред Арабеска од страна на НН типови, оние НН кој за потребите на службите се активираат ,а всушност Кичевски јадел воспитни од потчинетите на Алексиевски, кој за цело време седел во Арабеска и гледал сеири!

ШТО ГИ ДОБЛИЖИ МИЈЛАКОВ И АЛЕКСИЕВСКИ ПОВТОРНО?!

Започнувањето на проектот на тогашната опозиција предводена од СДСМ „Вистината за Македонија“, внесе црвен аларм кај Мијалков.Мијалков добро знаел дека ѓаволот ја однел шегата.Така веднаш во „Мериот“ во мај 2017 година, состанок на иницијатива на Мијалков имаат Мијалков, Синиша Алексиевски и шефот на безбедбносно информативната агенција на Р.С (БИА) за Балкан Горан Живаљевиќ.

Продолжува

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Жбогар: Одложувањето на пописот е логично за да нема политичко влијание

saso user

Од денеска пријавувајте се за новите социјални додатоци

saso user

Заев: Да избереме претседател на државата кој ќе не води напред ВИДЕО

saso user