Број на текстови објавени денес: 30
Балкан

Црногорскиот министер за надворешни: СПЦ се плаши од губење на монополот

Црногорскиот министер за надворешни работи, Срѓан Дармановиќ, изјави дека СПЦ „е пред се политички субјект во Црна Гора, па дури потоа верски“.

Во интервју за Гласот на Америка тој тврди дека Српската православна црква е против донесување на новиот Закон за верски слободи бидејќи „се плаши од губење на некои монополи во некои работи“.

Дармановиќ нагласи дека законот предвидува државата да одреди кои културни наследства на Црна Гора ќе бидат под државен имот, но користењето ќе остане исто и нема да има никакво беззаконие и присвојување на имот, што гарантираат одредбите од законот.

Шефот на црногорската дипломатија оцени дека примената на Законот за верски слободи нема посебно да влијае врз односите меѓу Црна Гора и Србија, доколку „нема дополнителни проблеми меѓу СПЦ и црногорската држава“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Црна Гора е ликвидиран таткото на водачите на „шкаљарскиот“ клан

saso user

Тројца српски припадници на косовската полиција уапсени на Косово

saso user

БиХ мора да се ослободи од фосилните горива ако сака во ЕУ

saso user