Број на текстови објавени денес: 0
Бизнис Топ вести Урбани вести

ОД СЕПТЕМВРИ ЛЕТААТ ДИВИТЕ ПЛАТФОРМИ И ДИВИТЕ ОБЈЕКТИ НА ПЛАЖИТЕ ВО ОХРИД, ДРЖАВАТА ЌЕ ГИ РУШИ СИТЕ ДО ЕДНА!

Во септември месец 2019 година, Општина Охрид и Министерството за транспорт и врски ,ќе превземат голема акција за рушење на сите диво изградени платформи долж обалата на делот на Охридското Езеро,кое е под ингеренции на Општина Охрид, дознава редакцијата ОхридСкај. Во акцијата, ќе бидат опфатени сите угостителски обкејти долж обалата, кој против законски изградиле платформи во Охридското Езеро, извршиле узурпација на земјиште сопственост на РСМ и против правно обавуваат угостителска и друга дејност.Како што дознава редакцијата ОхридСкај, во остранување на диво изградените платформи, за нивно остранување, државата нема да има милост, додека трошоците за нивно остранување ќе паднат на терет на правните и други субјекти, кој стопанисуваат со нив.

Исто така, државата и Општина Охрид, ќе извршаат остранување на цврстите градби долж обалата на Охридското Езеро, кој поранешните концесиониери на плажи, спротивно на потпишаните договори за Концесија, во кој стоело клаузула ,дека објектите мора да бидат монтажни, концесионерите, истите ги изградиле и надоградиле со цврст градежен материјал! Исто така, дознаваме, дека и во овој дел на рушење и остранување на нелегалните објекти на плажите долж Охридското Езеро, трошоците ќе паднат на терет на поранешните концесионери, кој остапиле во целост од договорите.

Како што дознава редакцијата ОхридСкај, ниту Општина Охрид, а ниту Влада на РСМ, не сакал да започне остранување на платформите и дивоградбите на Охридските плажи пред летната туристичка сезона, од причина, што не сакале во екот на туристичката сезона, да пристапат кон ваква мерка, но од Септември месец, започнува големото чистење на Охрид од дивоградби.

С.Д.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Две зелени идеи наградени на регионалниот натпревар во Тирана

saso user

Потпишан договор за 26,2 милиони евра од Светска банка за олеснување на трговија и транспорт на Западен Балкан

saso user

Избегал затвореник од казнено поправната установа – затвор Струга

saso user