Број на текстови објавени денес: 22
Спорт

Новиот тренер на Јуве откри како ќе го користи Роналдо

Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, откри како планира да ја искористи големата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.

Се очекува на почетокот на сезоната, стратегот по предните позиции да ги користи петкратниот освојувач на „Златната топка“, како и Пауло Дибала и Даглас Коста, што значи дека „бјанконерите“ нема да има конкретен централен напаѓач.

– Кристијано Роналдо ги освои сите свои индивидуални и колективни награди кога играше лево од нападот. Мојата прва намера е да стартува од оваа позиција, но со оглед на неговите квалитети, нема да биде проблем да го преместам и за 10 метри – рече Сари пред неговото неофицијално деби на торинскиот тим, кое на програмата е утре против Тотенхем.

Со оваа изјава тој сигнализираше дека триото во нападот постојано ќе ги менува местата за време на натпреварите. Тој користеше сличен пристап во Челзи, каде што му даде целосна слобода на Еден Азар, а минатата година беше најдобрата за белгискиот репрезентативец на „Стемфорд Бриџ“.

Минатата сезона, Роналдо ја освои титулата и Супер Купот на Италија. Со Португалија триумфираше во Лигата на народите, а во последните единаесет години освои пет „Златни топки“.

ФОТО: EPA / ANDREA DI MARCO

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

МЗТ против Работнички во полуфиналето на Купот на Македонија

saso user

Надал го надмина Федерер по победи во „Мастерс“ турнирите

saso user

ЛШ: Роналдо го однесе Јуве во четвртфинале, Сити си поигра со Шалке

saso user