Број на текстови објавени денес: 19
Спорт

Меси со сериозен ултиматум до Барса за да го врати Нејмар

Суперѕвездатана Барселона, Лионел Меси е еден од главните иницијатори за враќање во тимот на Нејмар. Ова беше објавено од „Скај Спортс“, повикувајќи се на шпанскиот фудбалски експерт Греам Хантер.

Тој тврди дека Аргентинецот изјавил пред менаџментот на каталонскиот клуб дека ако сакаат да потпише нов договор, прво да го вратат Нејмар.

Бразилецот одигра одлично на „Камп Ноу“ во периодот 2013-2017 пред да премине во ПСЖ за рекордно висока сума во фудбалот. За каталонскиот гигант напаѓачот има 186 натпревари, 105 гола и 76 асистенции.

Според гласините, од Барса се обидуваат да го вратат Нејмар, а последната понуда беше за 100 милиони евра и вклучување на двајца свои играчи.

Вредноста на трансферот на бразилскиот репрезентативец на „Трансфермаркт“ е 180 милиони евра.

ФОТО: EPA / KIMIMASA MAYAMA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Салата за бокс во „Борис Трајковски“ повторно стана базен

saso user

Ливерпул останува без Фирмино во реваншот против Барса

saso user

Барса потпиша со Жуниор Фирпо

saso user