Број на текстови објавени денес: 14
Урбани вести

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „КИНА ВО МОИТЕ ОЧИ”

Во рамки на овогодинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид беше отворена изложбата „Кина во моите очи“. Оваа изложба се организира во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина и Општина Охрид, по повод 70 години од државноста на оваа пријателска земја.

На свеченото отварање на изложбата се обрати претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.

-Нема подобро место од Охрид, во овој период од годината, во мноштвото културни збиднувања, да се ужива и во убавините на фотографијата, со која ни се пренесува еден мал дел од големата магија на Кина. Дотолку повеќе, што автентичноста на фотографиите иако не претендира, на еден сосема оригинален и природен начин ги досегнува уметничките вредности, а притоа не се направени од професионалци, туку од наши сограѓани македонци, кои по најралични поводи престојувале во пријателска Кина.

Ваквите настани само ги потврдуваат искрените и пријателски односи со Народна Република Кина и кинескиот народ и придонесуваат за извесна соработка и продлабочување на заеничките интереси на двете земји.

Верувам дека нашите драги гости и пријатели од Кинеската амбасада ќе имаат време да го разгледаат и нашиот град, да посетат дел од програмата на престижниот фестивал „Охридско Лето”, да украдат едно парче незаборав од вонвременската убавина на Охрид, за повторно да ни дојдат, истакна Ангелоска.

Изложбата на фотографии „Кина во моите очи“ ќе биде отворена седум дена и има за цел да ја претстави природата, историјата, развојот и промените во Кина, како и пријателството помеѓу Кина и Република Северна Македонија, преку ретроспективата на македонските граѓани. Фотографиите се тематски распределени во четири категории: „Природата и природните богатства на Кина“, „Историски и културни знаменитости во Кина“, „Кинеските градови и нивните значајни обележја“ и „Животот на луѓето во Кина“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЈАВЕН УВИД НА ОПШТИОТ АКТ ЗА СЕЛО ЕЛШАНИ

saso user

ТРИБИНА ЗА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ

saso user

КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕВСКИ-АЈДЕ МИТРЕ МИЛОШЕВСКИ ЈАВНО ПРОЗИНЕСИСЕ ДАЛИ ИМАШ ДИВОГРАДБА ВО ОХРИД?!

saso user