Свет

Германци во Венеција извадиле плинска боца да си сварат кафе, но ги протерале и казниле 950 евра

Германски туристички пар утрово не стигнал да ужива во убавините на италијанскиот град Венеција поради утринско кафе кое сакале да си го направат.

Двајцата туристи од Берлин, на возраст од 32 и 35 години, сакале да одморат покрај познатиот мост Риалто и решиле да си направат кафе. Ја извадиле плинската боца од ранците, но локален жител ги забележал и повикал полиција. Полицајците ги казниле со 950 евра поради непримерно однесување, а покрај тоа им порачале и оти се непожелни гости и веднаш да го напуштат градот.

– Венеција треба да ја почитувате, а непримерните туристи кои мислат дека можат да дојдат и да прават што ќе посакаат, благодарение на локалната полиција, ќе сфатат дека поради нивното однесување можат да бидат приведени, казнети и протерани од градот – изјавил градоначалникот на Венеција, Луиџи Бругнаро.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Русија му вели „чао“ на Интернетот, на РуНет ограничен пристап до некои веб-страници

saso user

„Комерсант“: Трамп бара нова средба со Путин во јуни

saso user

Германија ги заострува проверките на границите

saso user