Број на текстови објавени денес: 13
Балкан

Вучиќ: Оставката е политички трик на Харадинај, ќе се врати за 48 часа

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се обрати по повод оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и евентуалните импликации од таквиот потег.

– Ја разбираме радоста, не сакам да кажам еден вид задоволство поради тоа што Харадинај е повикан во Хаг. Сметам дека нема причина за еуфорија бидејќи ги согледуваме сите факти и последици по тој чин, а посебно како ќе се однесуваат и Албанците и меѓународната заедница кон Србија и нејзиниот народ – истакна Вучиќ.

Според него, „оставката на Харадинај е политички трик, за да добие популарност“.

– Тој се бори да ги порази противниците во Косово, јунак кој се бори, а останатите се недостојни на лидерот кој ги води во светла иднина – изјави Вучиќ на прес-конференцијата.

Српскиот претседател предвидува дека Харадинај ќе биде пуштен за 48 часа и ќе се врати како голем албански херој, неговата популарност ќе се зголеми, а на сите останати ќе се намалува.

Вучиќ оцени дека таксите на српските производи нема да бидат укинати, а западните сили често ќе вршат притисок и ќе го уценуваат Белград со изговор дека косовските лидери ги испраќаат во Хаг.

Photo: EPA / ANDREJ CUKIC

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тимот на Бајден го критикува Дачиќ за неговиот повик Србите да гласаат за Трамп

saso user

Анталија и Хургада, топ дестинации за Македонците

saso user

Пожарникарите објавија драматични видеа од пожарот кај Шибеник: „Едвај се извлековме“

saso user