Број на текстови објавени денес: 0
Бизнис

Синдикат на администрација: Подолго време има бел штрајк во администрацијата

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија попладнево преку соопштение ја повика Владата да се откаже од идејата за пакети за заминување на административците во приватниот сектор од причина што, како што наведуваат, јавната администрација е клекната на колена со изгубен капацитет на стручните службеници.

Oд Синдикатот на администрација и државна управа истакнуваат дека во последните две години и подолг временски период се случува бел штрајк (откази, напуштање на стручниот кадар, долги боледувања, неплатени одмори) само поради притисоци и нестручност на раководните кадри. Јавната администрација во моментов нема капацитет да ги опслужи граѓаните како нивен сервис, а уште помалку за реформи за членство во ЕУ. Уште еднаш ги повикуваме на разум во спротивно ќе им порачаме дека ќе се спротивставиме со пакет за заминување на Владата, посочуваат од Синдикатот.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, пак, во врска со објавените податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) за висината на просечната плата за мај, според кои, просечната плата се зголемила за дури 4,2 отсто за три месеци, а споредено со претходниот месец платата е зголемена за два отсто, прашуваат дали се прави манипулација со бројките во начинот на пресметката на нејзината висина.

Потенцираат дека статистиките на ДЗС служат за манипулирање со работниците, а и целата македонска јавност со цел да се создаде една лажна слика за тоа колку напредуваме во ова поле и да се избегне суровата реалноста која укажува на тоа дека стагнираме.

– Во ниедна дејност нема значително зголемување на просечната плата, толку колку што велат статистиките на ДЗС, посочуваат од КСС и прашуваат дали навистина земја како нашата согласно развојот има реален капацитет за зголемување на платите за толкав процент, кога во ниту едно јавно претпријатие, институција или во рамки на државната администрација не се зголемени платите.

Согласно економскиот капацитет на државата, таа нема толкав капацитет за да може во рок од еден месец просечната плата да се зголеми за два отсто. Сѐ се сведува на тоа дека ДЗС служи како алатка за манипулација, наведуваат од КСС и прашуваат дали бизнис секторот навистина има капацитет за толкаво зголемување на платите и ако тие се зголемени каде се парите во џебот на работниците.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Солени цени на зелените пазари

saso user

Блумберг: Ангелоска Бежоска веќе размислува како да го воведе еврото

saso user

Први официјални македонско-јапонски бизнис средби

saso user