Број на текстови објавени денес: 9
Сцена

По 33 години Том Круз е повторно Маверик: Објавен трејлерот за „Топ ган“ ВИДЕО

Еден од најомилените филмови на многумина, „Топ ган“ следното лето се враќа на големото платно. Во главната улога како Маверик, повторно ќе ја гледаме холивудската икона Том Круз.

Имено, Круз ненајавено се појави на фестивалот „Комик-Кон“ во Сан Диего, кадешто беше прикажан првиот трејлер за долгоочекуваното продолжение на „Топ ган“.

По цели 33 години, сега 57-годишниот Круз се враќа во улогата на пилотот Маверик во „Топ ган: Маверик“, во кој ќе се соочи со дронови и со петта генерација борбени авиони. Тој го опиша филмот како „љубовно писмо за авијација“.

Вал Килмер повторно го игра Ајсмен, а нови имиња се Мајлс Телер, Џенифер Коноли, Џон Хем и Џеј Елис.

Овој проект првпат беше најавен во 2010 година, а го режира Џозеф Козински.

„Пилотите се враќаат, потребата од брзина. Ќе имаме големи, брзи машини, тоа ќе биде натпреварувачки филм, како и првиот, но напредок за Маверик“, изјави Круз.

Оригиналниот „Топ ган“, режиран од Тони Скот, е еден од синонимите на 1980-тите и заработи 350 милиони долари на светско ниво. Продолжението доаѓа во киносалите на 16 јуни 2020 година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Откриен идентитетот на пијаниот возач: Турчинот Алсин Левент го уби Шабан Шаулиќ во Германија!

saso user

Се ожени Гарет Бејл, забранет влез за семејството на невестата – таткото, бабата и дедото во затвор

saso user

Тамара Стојковска, девојката од бендот „Страна Б“ ВИДЕО

saso user