Број на текстови објавени денес: 120
Урбани вести

Промовиран проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”

Денес градоначалникот Зоран Ногачески заедно со Шефот на Делегацијата на Европската Унија, евроамбасадорот Самуел Жбогар, амбасадорката на Програмата за развој на Обединетите Нации ( УНДП ), Нарине Сахакјан и Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски присуствуваа на промоција на проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”, финансиран од ЕУ, а имплементиран од УНДП.

За реализација на Проектот вреден 773 илјади евра задолжена беше фирмата „ГИМ“ од Скопје.

Во својата изјава градоначалникот Ногачески истакна задоволство што браната на Слатинското Езеро е една од петте брани што се санираат во рамките на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите и дека со санацијата постигнат е значаен чекор во напорите за враќање на Слатинското Езеро на хидрографската карта, но и дека искрено се надева дека со помош на државата и нашите европски партнери ќе се дообезбедат средства за чистење на дното на езерото и дека набргу истото ќе го видиме во неговата природна убавина и исполнето со живот.

За општина Дебрца Слатинското Езеро е значаен воден ресурс , за кој општина Дебрца има развојни планови истото да прерасне во атрактивна еко туристичка дестинација. Општината спроведува почетни активности за урбанистички развој на локалитетот, со вметнување туристички содржини, што би биле интересни за потенцијалните посетители, од туристи до риболовци. На тој план, набргу започнуваме и со конкретни активности, односно со средства обезбедени од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе се имплементира проектот “Подобрување на туристичката понуда преку изградба на пешачки патеки и уредување на атрактивни места кои водат до природни локалитети,” во случајов Слатинското Езеро. – изјави градоначалникот Ногачески.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нарушен ЈРМ во Охрид , учесниците приведени

saso user

18. ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ МУЗИЧКИ НАТПРЕВАР „ОХРИДСКИ БИСЕРИ“

saso user

ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ СОБРАНИ 184,5 ТОНИ ОДПАДНО МАСЛО

saso user