Број на текстови објавени денес: 30
Здравје

Пет митови кои најчесто се поврзуваат со артритисот

Од артритис почесто заболуваат жените, главно се јавува на возраст помеѓу 20. и 40. година од животот. Со оглед на тоа дека сè уште не се знае точната причина за ревматскиот артритис, за жал, нема ниту вистински лек. Лоша вест е дека постојат и многу неточни информации за оваа состојба кои може да доведат од фрустрација и лошо лекување.

Ова се петте најчести митуво кои се поврзуваат со артритисот

МИТ 1 Избегнувајте физичка активноста
Секако, прекумерното движење може да доведе до болки ако боледувате од артритис, но ова не смее да се сфати дека не треба воопшто да се вежба. Германскиот стручњак за спортска медицина Клаус Бое соведува редовна, но умерена физичка активност на сите пациенти со артритис, бидејќи на тој начин може да се забави напреднувањето на болеста. Тој препорачува пливање, возење велосипед, лесно џогирање и вежбање аеробик, но не советува спортови како одбојка, фудбал, ракомет или тенис кои се штетни за локомоторното здравје на лицата со артритис.

МИТ 2 Ќе помогне јаболков оцет
Во минатото се сметало дека јаболковиот оцет, кој содржи бета-каротен, ги напаѓа слободните радикали кои инаку би можеле да го нарушат нашиот имунолошкиот систем. Факт е дека јаболковиот оцет речиси и не содржи бета-каротен, и има премалку здравствени докази кои би потврдиле дека ја намалува болката предизвикана од артритис.

МИТ 3 Млечните производи може да ја влошат состојбата
Можеби сте наишле на тврдењето дека млечните производи може да ја интензивираат болката предизвикана од артритисот. Но, малку студии ја потврдуваат оваа претпоставка. Една студија покажува дека кај жените кои повремено консумирале млечни производи, се намалила шансата за напредок на болеста.

МИТ 4 Сировата храна може да помогне
Исхраната која се базира на сирови производи означува консумирање на многу овошје и зеленчук и избегнување тешка и процесирана храна. Иако е здрава, оваа исхрана нема многу да помогне при болките од артритис.

МИТ 5 Кафето ја интензивира болката
Се смета дека кафето може да предизвика нервоза и да ја интензивира болката која се чувствува како последица на артритисот. Научниците, сепак, сметаат дека кофеинот може да превенира развој на состојби кои се поврзани со артритис.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Не ги игнорирајте: Симптоми кои укажуваат на рак на дебелото црево

saso user

Бојата на косата открива важни информации за вашето здравје

saso user

Срамота е да се патува со авион – лет од Париз до Марсеј испушта 178 кг штетни гасови по патник

saso user