Број на текстови објавени денес: 17
Досие Македонија Топ вести

ЕДИНСТВЕНО ОРГАНИЗИРАНИОТ УРБАНИСТИЧКИ КРИМИНАЛ ВО ОХРИД МОЖЕ ДА ГО СОПРЕ ВЛАДАТА, А НЕ ОПШТИНА ОХРИД, А ОВА СЕ ПРИЧИНИТЕ.

Денес, премиерот Зоран Заев најави одземање на надлежностите на Општина Охрид, доколку градоначалникот не ги урне дивоградбите во Охрид! Претходно, во неколку наврати министерот за траспорт и врски Сугаревски, најави дека  Министертвото ќе ги одземе ингеренциите на локалната самоуправа Охрид, во делот на плажите и крајбрежниот појас на Охридското Езеро!

-До денес, Сугаревски не ги одзема ингеренциите врз обалата на Охридското Езеро и плажите во Охрид , што додатно дава вакум простор на лицата кој може да се каже бесправно стопанисуваат со плажите на Охридското Езеро, остваруваат големи профити од една страна, а од друга страна ,Општина Охрид, а ниту Владата на РСМ воопшто не инкасира ниту еден денар од поранешните концесионери на плажите во Охрид, а сега истите, согласно Закон преставуваат нелегални градби, од кој поголем дел направени се од тврд материјал, што додатно е прекршен и поранешниот склучен договор за Концесија, каде експлицитно стои, дека истите мора да бидат од монтажен карактер и по истек на концесијата, концесионерот е должен да ја врати плажата во првобитна состојба.

ОПШТИНА ОХРИД НЕ МОЖЕ ДА СРУШИ НАД 1000 ДИВОГРАДБИ.

Горчливиот проблем со изградбата на дивоградбите во Охрид, не датира од 2019 година, а ниту актуелниот градоначалник на Општина Охрид Константин Георгиески, не бил генератор, на ниту една дивоградба. Зачудува фактот што Владата, најнапред ја префрла топката на Општина Охрид, и ако владата на РСМ, добро знае, дека ниту Константин Георгиески, а ниту било кој вработен во Општина Охрид, може да изврши рушење на било која дивоградба во Охрид, причини мал милион, но ќе истакнеме само дел од нив.

1.Првите луѓе на владата на РСМ, ЈОРСМ и МВР, добро го знаат фактот, дека во Охрид имаме три категории на лица кој се сопственици на нелегално изградени објекти.

-Првата категорија на лица, кој пседуваат нелегално изградени објекти, се дел од она криминално подземје, кои добро се познати од поодамна на органите на прогон.Овие лица во својата кариера во многу наврати завршиле низ притворските одделенија низ затворите како во РСМ, така и надвор од границите. Но зачудува оној факт, и кога овие лица да биле дел од некоја истрага, истите на перфиден начин се ослободувани, или нивните предмети се влечкани низ фиоките на полицијата, ЈО итн., па така во голем дел истите застареле по сите основи. На овие лица и, оние градежни испектори што треба да постапат, пријавите не им ги пишуваат со име и презиме, туку со она НН сторител! Причината за ваквото дејствие, секако дека е логична и таа причина се нарекува СТРАВ ВО КОСКИ од ваквите лица.

Од друга страна градоначалникот на Охрид Георгиески, воопшто не е вонземјанин во Охрид и, добро ги познава сите згоди и незгоди со ваквите типови, на лица кој се осмелиле да им застанат на патот на нивниот бизнис интерес, и, секако оправдан е стравот од овие лица.

-Втората категорија на сопственици на дивоградби, се оние од политичката и бизнис елита, кој имаат големи „пријателски“ релации со секоја политичка врхушка.Овие лица и во акцијата на рушење на дивоградби која се одвиваше во далечната 2003 година, куртулија од рушење на нивните Хациенди на атрактивни локации, тогаш акцијата експресно се стопираше?!! И, во овој сегмент, Георгиески мачи Сизифови маки, да го разреши ваквиот Гордиев чвор?!

-Третата категорија на дивоградби, се оние од напатениот народ, кој ете некако скрпил некакво си куќарче на периферијата од Охрид и тоа за разлика на двете погоре наведените групи, овој паталец дивоградбата ја направил на сопствено место, скромно, колку што можел да одвои од својата уста и устата на своите деца, како би добиле кров на глава. Ова категорија, најлесно може да се руши, немаат тие криминален, бизнис или политички беграунд, гола сиромаштија во потрага по кров над глава.

ВО ОХРИД ТРЕБА ДА РУШИ ВЛАДАТА, А ЈОРСМ И МВР ДА ГО СПРОВЕДУВААТ ЗАКОНОТ НЕСЕЛЕКТИВНО.

Доколку се земе во предвид погоре изнесеното, во основа големите дивоградби во Охрид ги поседува криминалното подземје и бизнис – политичката елита во РСМ. Доколку, власта сака да направи ред и поредок, државата го има тој иструмент на располагање, секогаш во своја рака, без разлика на цената ,колку непопуларна мерка би било рушењето!? Еднаш мора да се стави крај на дивеењето но, не само во Охрид, туку на територијата на цела РСМ.

Кога е Охрид во прашање, вреди да се истакне еден факт, а тоа е како во далечната 1995 година МВР постави крај на дивеењето на криминалните групи во Охрид. Имено, тогашниот началник на СВР Охрид, познатиот Џанго, спроведе голема акција  во Охрид, каде беа вклучени специјалната единица на МВР. Тогаш, во само 12 часа, Охрид беше ослободен од „мафијата“. Вреди да се напомене, дека се до 1998 година во Охрид криминалот беше намален за фантастични 97%,никој не се осмелуваше да изигрува Коза Ностра во Охрид.

Дали е потребен нов Џанго во Охрид, или сеуште ќе поставуваат маникен началници, кој веднаш по устоличувањето, постануваат неразделни другарчиња со криминалното подземје во Охрид, диванат по охридските ресторани со нив, одат на годишни одмори, ги частет нивните другарчиња од подземјето, им подаруваат возила и сл. За жал МВР треба да спроведе невидено луфтирање во своите редови, час поскоро, а до тогаш намалете ги критиките кон тоа како Георгиески не рушел? Не може со глава ѕид да се руши, за вакво организирано дивеење, државата треба да спроведе ред и поредок и да докаже, дека никој не е над законите и уставот на РСМ.

Сашо Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев: Да ги видам снимките, па ќе одлучам дали да барам оставка од Рашковски

saso user

По Чавков и другите обвинети за „27 април“ ќе ги кажат завршните зборови

saso user

EП: Да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија

saso user