Број на текстови објавени денес: 13
Сцена

Дали совршениот брак е само за во јавноста: Принцот ја молел Меган да оди на психотерапија

Иако се „тазе“ венчани, пред една година, Меган Маркл и принцот Хари, наводно, пред камерите глумат совршен пар, а тој ја моли да оди кај психолог.

– Поради несогласувањата за улогата на родители, кавга со братот Вилијам и снаата Кејт, очекувањата од кралицата и скандалите на семејството на сопругата, Хари само што не експлодирал, а ни Меган не е далеку – вели извор за „Radaronline“.

Меган често ги прекршува кралските правила и јавно ги игнорира, уште кога во 2018 година се омажила за Хари.

– Меган чувствува дека кралските правила не се во согласнот со денешното време. Меган и Хари ја почитуваат традицијата, но некои работи сакаат да ги прават на свој начин – вели изворот.

Однесувањето на Меган Маркл е причина за чести недоразбирања во семејството.

Иако се поминало според протоколот, на семејниот портрет сите се смеат, освен принцот Вилијам, додека сите ја забележале чудната насмевка на лицето на Кејт Мидлтон, која вкочането седела, оддалечувајќи се од Меган колку што може повеќе.

Принц Хари одамна јавно ја поддржува стручната терапија и не се срамел да признае дека и самиот побарал помош од психолог во врска со паниката и гневот со кои не можел да излезе на крај, особено по смртта на мајка му.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Актерката која е болна од неизлечива болест со видеото на Инстаграм ги расплака сите ФОТО+ВИДЕО

saso user

Изводот на Арчи ги откри професиите на Хари и Меган

saso user

Неда Арнериќ еден месец ќе лежи во болница: Што велат лекарите за состојбата на актерката

saso user