Бизнис

Финансии: 196 милиони евра од ДДВ вратени кај бизнисите

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, соопшти Министерството за финансии.

Според Министерството, повратот на ДДВ кон фирмите заклучно со јуни е поголем за околу 20 отсто во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари.

„Ако се направи споредба пак со 2017 година, повратот на ДДВ во првото полугодие е повисок за 3,2 милијарди денари или за околу 37 отсто. Во споредба со 2016 година повратот е повисок за 4,9 милијарди денари или 69 отсто“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите.

– Навремениот и неселeктивен поврат на ДДВ е значаен за непречено оперативно работење на фирмите, но и за нивната инвестициска активност. Затоа Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници. Главната цел е прецизно и навремено извршување на повратот и пребивањето даноци кон даночните обврзници – изјави Елези.

Заменик-министерката за финансии посочува дека позитивните тенденции во стопанството се огледаат и преку добрата наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ. Таа додава и дека засилената активност на фирмите се покажува преку високиот раст на брутоинвестициите од 9,9 отсто во прво тримесечје од 2019 година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Патниците на Виз Ер невреме на скопскиот аеродром, шалтерите се затвараат еден час пред полетување

saso user

ССМ пресмета дека минималецот може да порасне за 12 отсто

saso user

(ВИДЕО+Фото) СДСМ тргна на „ Прав пат“,ама како тој пат да го поминат лицата со попреченост?!

saso user