Број на текстови објавени денес: 121
Свет

Ќе се најде ли решение за политичката криза во Венецуела?

Синоќа заврши новата рунда разговори меѓу венецуелските власти и опозицијата, со најава дека разговорите ќе продолжат.

Како што наведувата британските медиуми, претставници на владеачката Социјалистичка партија на Венецуела неделава се сретнаа со опозицијата на Барбадос, во рамки на преговорите што почнаа во мај во Норвешка, со цел да се најде решение за политичката криза  во земјата.

Венецуелскиот министер за информации, Хорхе Родригез, кој ја предводеше владината делегација, потврди дека разговорите завршија, но не сакаше да понуди повеќе детали за самиот тек и исход од нив.

Два извора од опозицискиот табор наведуваат дека консултациите ќе продолжат во Венецуела. Според опозициски извори, владината делегација главно се фокусирала на американските санкции, додека опозицијата барале нови претседателски избори.

ФОТО: EPA / MASSIMO PERCOSSI

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Малстром: ЕУ ќе возврати ако САД воведат царини за европските возила

saso user

Почина авторот на стаклената пирамида на 102 години

saso user

Си-Ен-Ен: Асанж ја координирал вмешаноста на Русија во изборите во САД

saso user