Балкан

Ѓукановиќ: Црна Гора живее свој европски живот

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ порача дека Црна Гора веќе го живее својот европски живот и „со оптимизам гледа кон својата европска иднина“.

– Ние одамна ја поминавме историската крстосница. Европеизацијата на црногосткото општество е наша клучна цел и постојана задача. Тој процес не завршува само со формално членство – истакна Ѓукановиќ синоќа во Цетиње на свеќениот прием по повод прославата на црногорскиот Ден на државноста – 13 јули.

Тој нагласи дека „не треба да не обесхрабри компликувањето на процесите на европска и глобална сцена во исполнување на нашите цели, ниту, пак, некои скептични пораки кои деновиве пристигнуваат од важни европски адреси. Ние од Балканот мора да и покажаме на Европа дека политиката на проширување е нејзина најдобра политика“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Портпаролот на грчката Влада: Повредени 23 лица, повеќето од нив туристи

saso user

Казна до 20.000 евра за пушење во затворен простор во Црна Гора

saso user

Опозицијата во Србија бара ослободување на приведените или мирни протести

saso user