Здравје

Што да направите ако згазнете на морски еж

Често се случува невнимателните капачи да згазнат на морски еж, при што доаѓа до механичко кршење на боцките кои продираат длабоко во ткивото, каде што можат да заостанат и да предизвикаат дополнителни компликации како гноење или непрекината болка. Морските ежови и некои сродни суштества се отровни, иако самиот отров ретко предизвикува повреда кај луѓето. Почесто боцките, кои ја покриваат школката на морскиот еж, се откинуваат во кожата, предизвикувајќи оштетување на ткивото и воспаление. Ако не се отстранат, боцките се поместуваат во подлабоките ткива дури до коските или нервите и можат да предизвикаат:

– хронично воспаление;
– болка во зглобовите и мускулите;
– кожни осипи

Сината боја на кожата на местото на влезот може да помогне во пронаоѓање на трњето, а прободеното место санирајте го на следниот начин:
– Оцетот ги растопува повеќето боцки од ежот. Облогата натопена со оцет ставете ја на прободеното место и тоа е се што е потребно за боцките да се отстранат.
– Местото околу убодот измијте го и применете маст која содржи комбинација од антихистаминици, аналгетици и кортикостероиди.
– Понекогаш, лекар мора да направи ситен рез за да го отстрани трнот кој е
кршлив.

Црната маст може да помогне
Боцките треба веднаш да се отстранат, додека кожата е сè уште влажна и мека.
Тоа се прави со стерилна пинцета или игличка, а боцките кои не можат да се
извадат може да се намачкаат со т.н. црна маст која ќе го забрза излегувањето на
боцките од кожата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Околу 20.000 жени не отишле на ПАП тест иако биле поканети

saso user

Најдобар начин да спречите мозочен удар

saso user

Што да правите кога храната ќе се заглави во душникот?

saso user