Здравје

Црното чоколадо нè прави поенергични и попродуктивни

Руски експерти препорачуваат да се консумира половина црно чоколадо секој ден, но поделотворно е тоа да го правиме дење, оти тоа е висококалоричен производ што нè прави поенергични и попродуктивни, сметаат докторите.

– Ако јадете темно чоколадо со удел на какао од најмалку 50 отсто, тогаш просечната количина што треба да се консумира, е околу 50 грама на ден. Може да си каснете и повеќе, ако се занимавате со потежок физички труд или спорт – смета проф. Алексеј Буверов, при Униврзитетот Сеченов во Москва, Русија.

Темното чоколадо е здраво и содржи поголема концентрација на какао и други полезни компоненти.

– Сега го проучуваме и благотворниот ефект на холестеролот врз метаболизмот. Односно, и покрај тоа што чоколадото содржи масти, флавоноидите ги намалуваат нивоата на холестерол – објаснува проф. Буверов.

Според него, црното чоколадо има и компоненти што го заштитуваат црниот дроб, но предупредува дека може лошо да влијае на панкреасот.

Светскиот ден на чоколадото се одбележа вчера. Традицијата ја започнале Французите, а оттаму се проширила низ цела Европа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Не ги јадете овие намирници после 30-тата и ќе го намалите ризикот од рак, дијабетес и срцеви болести

saso user

19 болести што ќе убијат најмногу луѓе во следните две децении

saso user

Зошто не смеете да пиете врел чај или кафе? Оваа навика предизвикува опасна болест

saso user