Број на текстови објавени денес: 0
Сцена

„Црвена јабука“ в недела на „Summerland“ во Градски парк

Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски парк, викендов ќе бидат одржани неколку настани и музички перформанси. Вечер, од 19.30 со „Готвиме со Бранко“, ќе има хуманитарно готвење за бездомните лица, а граѓаните кои сакаат да донираат, ќе може да донесат оброци. Од 21, The music room ќе има тричасовен музички live сет- комбинација од диџеј, гитара и вокал, а просторот пред Школка ќе биде претворен во голем подиум за танцување.

Во сабота, пак, преку ден е предвидена детска програма. Од 17, влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче. Вечерта од 22, на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука“.

Во недела на Школка, од 19 децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21 часот на главната сцена, настапуваат рокенрол бендот- Културно Уметнички Работници.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Светски познатиот илузионист сексуално злоставувал жени

saso user

Луис Хамилтон „уловен“ со поранешна механичарка ФОТО

saso user

Бакингемската палата ќе блокира „непристојни пријатели“

saso user