Број на текстови објавени денес: 0
Свет

СИРИЗА реагира на одлуката на Владата за признавање на Гуаидо за претседател

Одлуката на Владата да го признае Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, не само што не придонесува во мирно решавање на оваа сериозна криза и покажува и непознавање на случувањата во земјата, туку и ја слабее улогата на Грција во ЕУ како мост за дијалог и посредништво за решавање на такви кризи во трети земји, реагираат од грчката опозициска партија СИРИЗА, по денешното соопштение од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на одлуката за признавање на венецуелскиот привремен претседател, јави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА наведуваат дека Грција мора да продолжи и понатаму да ги поддржува изјавите на Федерика Могерини, разговорите во Осло и иницијативите во ЕУ преку Меѓународната група за контакт за одржување демократски избори колку е можно побргу, но „не и да го жртвува нејзината улога како столб на мир и стабилност“.

– СИРИЗА ќе продолжи цврсто и динамично да ги поддржува овие позиции за меѓународната улога на Грција и иницијативите на ЕУ во мирно решавање на кризите – соопштуваат од СИРИЗА.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јутјуб проблематичен, корисници се жалат поради некоректна работа

saso user

Салвини: Да го поразиме исламскиот фанатизам додека не е доцна

saso user

Грабар-Китаровиќ не сака соседите да го креираат имиџот на Хрватска

saso user