Балкан

Русите го објавија и мајтапењето на пранкерите со Харадинај (ВИДЕО)

Само неколку дена откако на интернет се појави аудио снимка од разговори на премиерот Зоран Заев со руски комичари, во кои тој е убеден дека разговара со Столтенберг и со Порошенко, во јавноста испливаа и муабетите на Харадинај со истите лица.

Со Харадинај пранкерите муабетеле во јануари и во април.

Во телефонски разговор објавен на Јутјуб, Харадинај ветува поддршка за Порошенко и вели дека ќе се моли за него на сите избори, пренесува Газета Експрес.

– Мислам дека по победата, јас ќе ја признавам Косово како независна држава – рекол „Порошенко“.

Медиумот пренесува дека руските комичари муабетеле и со премиерот на нашата држава, кој кажал дека тој им го дал бројот од Харадинај на пранкерите.

Заев и Харадинај не се единствените кои разговарале со овие шегаџии, претходно тие муабетеле и со францускиот претседател Емануел Макрон, како и со Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, Ники Хејли, Гуаидо, неколку американски гувернери и конгресмени.

ФОТО: Принтскрин

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ќосиќ: Независните медиуми во Србија се во истребување од медиумскиот генералштаб на Вучиќ

saso user

„Јутро је“ од Нада Топчагиќ ечеше на прославата за поразот на Ердоган (ВИДЕО)

saso user

Во Белград повторно протест со хуманитарен карактер

saso user