Број на текстови објавени денес: 121
Македонија

Промоција на Извештајот за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација (2011-2018)

Мрежата за заштита од дискриминација организира промоција на Извештајот за имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација (2011-2018). Промоцијата ќе се одржи денес, 12.7.2019 (петок), со почеток од 11.00 часот во Хотел Солун.
Целта на извештајот е да се оцени функционалноста на постојните правни и институционални механизми за заштита од дискриминација, со фокус на имплементацијата на Закон за спречување и заштита од дискриминација од 2010 година и функционалноста на Комисијата за заштита од дискриминација. Подготвениот извештај дава преглед на севкупното досегашно работење на КЗД, ги идентификува позитивните и негативните аспекти во имплементацијата на ЗСЗД, а воедно тој претставува и основа за компарација на понатамошното работење на новата Комисија во остварувањето на нејзиниот нов пропишан мандат. Извештајот овозможува идентификување на клучни препораки со цел надминување на досегашните недостатоци при имплементацијата на Законот за спречвање и заштита од дискриминација.
Анализата е дел од заедничката акција на Мрежата за заштита од дискриминација за следење на процесот на усогласување на националното законодавство со европското во делот на антидискриминацијата.
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Извадок на билтен на настани на МВР за ден 10.04.2019 година

saso user

Повредено момче во тепачка на улицата „Цветан Димов“

saso user

Заев ќе ги мете министрите на почетокот на јуни, директорите на крајот

saso user