Урбани вести

Промени во сообраќајот поради „Охридско лето“

Во пресрет на вечерашниот голем настан во Охрид, свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ на Античкиот театар во Охрид, од фестивалската дирекција информираат дека во стариот дел на градот попладнево ќе има привремен режим на сообраќај.

Во овој дел на градот каде што гравитира Античкиот театар, ќе биде забрането движење на возила, така што публиката која вечерва ќе биде присутна на Античкиот театар  ќе може да пристигне пеш или со такси возило.

На приодите кон Античкиот театар ќе има присуство на полициски службеници кои ќе вршат обезбедување и ќе овозможат непречено движење на такси возилата, но и на другите  возила со приоритет.

Од „Охридско лето“ им се заблагодаруваат на граѓаните за трпението и повикуваат заеднички да се проследи уште едно свечено отворање со светски познатата уметница Ванеса Меј.

Инаку, од фестивалската дирекција, ги информираат посетителите кои вечерва ќе бидат присутни на овој незаборавен настан, да дојдат на Античкиот театар до 20 часот и 30 минути, бидејќи вратите на влезовитe на влезовите ќе бидат затворени пред 21 часот, кога е и почетокот на фестивалското отворање.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ОБЈАВЕН ВИДЕО КОНКУРС НА ТЕМА „ЗОШТО ЕВРОПА СИ ТИ”

saso user

СЕРТИФИКАТИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ НА БЕСПЛАТНИТЕ КУРСЕВИ ПО РУСКИ ЈАЗИК

saso user

Општина Охрид: Препораките од Извештајот на УНЕСКО треба да бидат стимул за сите институции и за граѓаните

saso user