Свет

Претставничкиот дом го спречи Трамп да почне војна со Иран

Претставничкиот дом на САД денеска гласаше со цел да го спречи претседателот Доналд Трамп да почне војна со Иран, освен во случај на самоодбрана.

Според најновата одредба, на Трамп му е потребно одобрување од законодавците во случај да планира да нареди воена акција против Иран.

Се уште не е познато дали конкретните санкции кон Иран ќе бидат вклучени во конечниот закон што се договара помеѓу Претставничкиот дом и Сенатот.

Трамп минатиот месец изјави дека и понатаму размислува за воена акција против Иран откако претходно ја отповика одлуката за напад поради соборување на американско беспилотно летало.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Опасна дрога, „кокаин за сиромашни“, на улиците во Сараево

saso user

Белорусија сака подобри односи со САД

saso user

Околу 70.000 деца се раселени поради турската офанзива во Сирија

saso user