Број на текстови објавени денес: 121
Македонија

Облаци од 17 километри височина истурија бура во Преспа и Љубаниште

За завчерашното силно невреме кое се случи во делови од нашата земја и пошироко во регионот, синоптичарите од УХМР објаснуваат како дошло до оваа незапаметена  бура која предизвика големи материјални штети, а однесе и седум човечки животи во Грција, каде беа повредени повеќе од 100 лица.

Интересно е што невреме со ваков интензитет, според синоптичарите, не може да се случи и во зима.

– Екстремно високите температури во претходниот период предизвикани од топлиот бран кој што го имаше зафатено поголемиот дел од Европа беше причината атмосферата да има огромна енергија. Влажниот бран од Медитеранот, кој што се движеше од Апенинскиот Полуостров го зафати подрачјето на Македонија на  10. јули годинава во попладневните и вечерните часови. Заради преголемата енергија во атмосферата, дојде до развивање на високи конвективни облаци, чија што висина,  според радарскиот мониторинг на УХМР достигнуваше до 17 километри – вели  дежурниот синоптичар, Ивана Петровиќ.

Таа појаснува дека ваквите високи облаци предизвикуваат интензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и интензивен пороен дожд, проследени со силни електрични празнења и локална појава на град.

– Облачниот систем најмногу го зафати југозападниот дел каде предизвика бурни и интензивни процеси, особено појава на краткотраен силен ветер – додава Петровиќ.

На прашањето може ли вакво невреме да биде и во текот на зимата, таа одговара одречно.

Стабилизација на времето по 20 јули

Од УХМР прогнозираат:

– Во наредните денови ќе преовладува променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи. Утре попладне, сабота, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе има нови врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (во источните делови над 20литри на метар квадратен) проследени со грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град – велат од УХМР.

Според сегашните анализи, постабилно време се очекува во третата декада од месецов.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Гостиварец го повредил синот со нож

saso user

Ѕиѕикостас: Сѐ додека сум префект, на таблите ќе пишува Скопје, а не Северна Македонија

saso user

Милчин: Скандал е тоа што Мукоски беше кај папата во Рим

saso user