Државната секретарка на Министерството за внатрешни работи на РСМ М-р Магдалена Несторовска, на покана на шефот на Мисијата на OSCE во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на 10.07.2019 присуствуваше на неформалната средба на Постојниот совет на OSCE во Виена, на редовната конференција посветена на годишниот извештај.На средбата, државната секретарка ги презентираше резултатите од досегашната соработка на МВР на РСМ и OSCE, и одговараше на прашања во врска со активностите што се преземаат во правец на реформирање на безбедносниот сектор и особено на полицијата, со цел достигнување на европските стандарди за професионална и стручна служба во корист на граѓаните.
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink