Македонија

На Табановце-Прешево ќе нема застој, ќе има заенички контроли

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Белград со српскиот министер колега Небојша Стефановиќ го потпишаа меѓувладиниот Договор за заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево. Со ова се очекува значително да се намалуваат бирократските процедури и се забрза протокот на возила, односно се намалува можноста за било каков застој.

– Со денешното потпишување на Договорот меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево ние всушност правиме уште еден чекор напред во интензивирање на нашата соработка. И независно што овој договор се однесува на делот на граничното полициско работење, сепак на него треба да се гледа и како на јасна контрибуција во насока на продолжување на формите за што поблиска соработка меѓу нашите две пријателски земји – рече Спасовски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Анѓушев и посака добредојде на американската амбасадорка

saso user

Јонкер: Важно е изборите да се демократски

saso user

Села ќе оди на лидерската што ја свика Заев

saso user