Спорт

Надал е мал фаворит против Федерер за влез во финалето на „Вимблдон“

Рафаел Надал е фаворит на денешниот дуел против Роџер Федерер според букмејкерите. Мечот е втор на Централниот терен на „Ол Ингланд Клаб“.

Новак Ѓоковиќ и Роберто Баутиста Агут веќе го започнаа својот меч, но тука не се очекува големо изненадување.

Што се однесува до Надал и Федерер, тие имаат три епски финалиња на „Вимблдон“ помеѓу 2006 и 2008 година. Во првите две Швајцарецот беше подобар, а во третото, Шпанецот победи со 3-2 и по 9-7 во петтиот сет.

Денешните полуфинални натпревари ќе се играат во женски и во мешани парови.

Двојки дами, полуфинале:

Габриела Дабровски (Канада) / Ифан Ксу (Кина) – Барбора Крајчикова (Чешка) / Катерина Сињакова (Чешка)

Тимеа Бабош (Унгарија) / Кристина Младеновиќ (Франција) – Су-Веи Хсиех (Тајпеј) / Барбора Стрицова (Чешка)

Мешани двојки, полуфинале:

Матве Мидлекооп (Холандија) / Жаоксуан Јан (Кина) / Роберт Линдстедт (Шведска) / Јелена Остапенко (Латвија)

Весли Колхоф (Холандија) / Квета Пешке (Чешка) – Иван Додиг (Хрватска) / Латиша Чан (Тајван).

ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Надал „крал“ на „Ролан Гарос“

saso user

Милан во була 413 милиони евра за пет години

saso user

Леонардо ги разочара навивачите на Милан

saso user