Број на текстови објавени денес: 124
Македонија

Кочани доби пречистителна станица

Пречистителната станица за отпадни води во Кочани е една од најголемите инвестиции во Кочани во последните 50 години, и воедно најголемата донација на Одделот за економска соработка и развој на Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи SECO во Северна Македонија вредна 21 милион швајцарски франци, рече премиерот Зоран Заев на отворањето на пречистителната станица.

На свеченоста присуствуваа и амбасадорката на Швајцарија во нашата земја Сибил Сутер Тејада, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Кочани Николчо Илијев.

Пречистителната станица за отпадни води во Кочани е една од најголемите инвестиции во Кочани во последните 50 години, и воедно најголемата донација на Одделот за економска соработка и развој на Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи SECO во Северна Македонија вредна 21 милион швајцарски франци.

– Во име на овој факт ја изразувам нашата голема благодарност до Владата на Конфедерацијата Швајцарија, која континуирано и дарежливо учествува во развојот на многу области во нашата земја – нагласи премиерот Заев и додаде дека пречистителната станица е една од најголемите во регионот, со капацитет од 65.000 еквивалент жители, со можност за приклучување и на соседната општина Виница.

Заев во своето обраќање го издвои фактот дека за таа цел од буџетот предвиден за пречистителната станица беа издвоени 180.000 франци за изработка на физибилити студија, со која се потврдува можноста за техничка изводливост за приклучувањето на Виница во овој проект и со претходно издвоените 300.000 франци од буџетот на Кочани и со учеството на 1,8 милиони швајцарски франци на Министерството за животна средина и просторно планирање, е формирано  учеството на граѓаните на нашата земја во изградбата на овој објект од извонредно значење за двете општини и за регионот.

– Со приклучувањето на Виница, во Брегалница до Штип ќе тече чиста вода. Грижата за еколошки одржлив објект доби и своја додадена вредност и со изградената фотоволтаична централа, со што ќе се покријат минимум 54 % од потрошувачката на електрична енергија на Пречистителната станица – рече премиерот Заев, и дополни дека сме горди ваквите проекти да ги ставаме во функција на граѓаните, кои поддржани од Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи SECO,  го помагаат постигнувањето на европските стандарди за побрзо да ја изградиме Северна Македонија во држава според европските вредности.

Макрадули во своето обраќање истакна дека овој значаен објект потврдува дека заштитата на животната средина е на врвот на приоритетните активности на Владата на Република Северна Македонија.

– Свесни сме дека одржувајќи ја чиста природата, ја чуваме нашата иднина. Оваа пречистителна станица е пример како треба и идните објекти да се градат. Претставува позитивен пример, пример за штедење на енергија, пример за користење на обновливи извори, пример за користење на отпадот, со еден збор: пример за цирклуарна економија, најдобриот концепт или алатка со која се справуваме со предизвиците од климатските промени – потенцираше Макрадули и информираше дека наскоро започнува градењето на пречистителните станици во Битола и Тетово, по што ќе следува реализацијата на вакви објекти за Штип и Велес кои ќе се реализираат со ИПА-3 програмите на ЕУ.

Следната година Владата и Министерството за ЖС ќе започнат и со градење на најголемата пречистителна станица во нашата држава во Скопје и знам дека за време на преговорите со ЕУ, ќе имаме поголем процент на опфат на население со пречистителни станици од многу сегашни ЕУ членки за време на нивното пристапување – истакна Макрадули.

Амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тејада го изрази задоволството што присуствува на пуштањето на пречистителната станица во Кочани како објект во кој е вложен најголем грант од долгорочната стратегија за соработка помеѓу двете земји, дека тоа задоволство е уште поголемо и заради ефикасноста со која е изградена станицата, дека со овој проект граѓаните на Кочани и на регионот го остваруваат сонот за чиста Брегалница како река од чии води се наводнуваа плодните полиња до Штип.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев и принцот Едвард: Партнерството на двете земји ќе продолжи и во иднина

saso user

Исчезнатата жена од Пршовце се вратила дома

saso user

Финансиска полиција темелно ќе прочешла како Иванов дошол до становите

saso user