Број на текстови објавени денес: 124
Македонија

Казнети 70 неправилно паркирани скопјани, а 41 поради мобилен

Сопатник во тешко моторно возило се здобил со тешки телесни повреди, а двајца се здобиле со лесни телесни повреди во три сообраќајни незгоди од вкупно осум што се случиле изминатото деноноќе на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 50 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, три кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четири возачи почетници.

Издадени се и 70 казни за непрописно паркирање, три за нерегистрирани возила и една за претовар, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 67 возила.

Полицијата санкционирала и пет возачи кои поминале крстостница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престигнување, еден за не користење заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, девет за не носење сигурносен појас за време на управување моторни возила и 41 за користење мобилен телефон при управување моторни возила.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Др Митре Милошевски , личност „боја на парите“ кој преку мртви сака да постане градоначалник?

saso user

Четворица пијани со нож, дрва и секири нападнале семејство

saso user

Внукот на Мајка Тереза подготви подарок за папата

saso user