Број на текстови објавени денес: 124
Македонија

Извадок на билтен на настани на МВР за ден 12.07.2019 година

На 11 јули околу 18.30 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го привеле Б.Е.(42) од Тетово, по кого била распишана потерница од Казнено-поправната установа „Идризово“. Тој бил предаден во КПУ„Идризово“ за доиздржување на затворската казна.

На 11.07.2019 година околу 15.00 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

На 11.07.2019 година околу 09.30 часот во с.Челопек, тетовско, С.И.(56) од с.Челопек, управувајќи „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило. По незгодата, С.И. бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

На 11.07.2019 година во 17.50 часот во Полициската станица Драчево, А.С.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник за левата нога.

Во текот на изминатиот ден (11.07.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај исклучени се 20 возачи од кои: тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и четири возила, од кои три не биле регистрирании едно поради претовар. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минувње на пешаците на обележан пешачки премин, три возачи поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради некористење заштитен шлем – кцига, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 41 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 70 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а две лица се здобиле со телесни повреди.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На оглас ќе се бара директорот на Агенцијата за спроведување на албанскиот јазик

ohrid_user

Ахмети со предлог Дураку да ротира, а новиот министер за екологија ич не знае македонски, слабо албански, ќе зборува на Esperanto?!

saso user

Панарити: Албанија не е пречка за Северна Македонија

saso user