Број на текстови објавени денес: 127
Свет

Загинаа шестмина кога 13-годишник се разнесе на свадба во Авганистан

Најмалку шест лица загинаа, а 40 се повредени кога 13-годишен бомбаш-самоубиец се разнесе денеска за време на свадба во авганистанската провинција Нангархар, соопштија локалните власти.

Полицискиот претставник Фајз Мохамад Бабархил изјави дека момчето се разнело на свадбата организирана од командантот на провладините сили Малик Тур, кој загинал и најверојатно бил мета на нападот.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата Нангархар, Атаула Когиани истакна дека повредените се пренесени в болница, додека локалното население тврди дека 10 лица загинале во нападот.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот, но во источниот дел на Авганистан се присутни и талибанците и огранок на џихадистичката група Исламска држава.

Експлозијата се случува само неколку денови по историските разговори меѓу авганистански претставници и талибанците, како дел од напорите, предводени од САД, за прекин на војната.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меј: Пораката од изборите е да продолжиме со излегување од Европската Унија

saso user

Со боја „нападнато“ Министерството за животна средина на Грција од членови на Рубикон

saso user

Нова дипломатска војна помеѓу Пакистан и Индија

saso user