Број на текстови објавени денес: 121
Македонија Урбани вести

Едно лице загина во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

На 11.07.2019 година околу 15.00 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид.

Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сведок во „ТНТ“: Имало повеќе пропусти при градењето на „Космос“

saso user

Дури 134 заболени од морбили, најмногу на удар постарите од 30 години

saso user

Варвициотис: Нова демократија во наследство го доби лошиот Договор од Преспа

saso user