Број на текстови објавени денес: 127
Балкан

Во Тирана уапсен руски државјанин учесник во ИД, пристигнал како имигрант

Припаниците на Управата за борба против тероризмот во албанската полиција, во Тирана, уапсија 34-годишен руски државјанин, баран со меѓународна потерница поради „учество во терористичка организација“.

– Неговото апсење следуваше по неколку месечна работа во соработка со партнерски агенции на други земји. Уапсеното лице е Р.М. роден и жител на Норилск, Русија. Рускиот државјанин во Албанија пристигнал како илегален имигрант. Меѓународна потерница по него беше распишана од Интерпол-Москва, по барање на судот во Надтеречни, Чеченија (Русија), за кривичното дело „учество во терористичка организација“ – стои во полициското соопштение.

Уапсениот Р.М. во јуни 2013 година, ја напуштил Русија и заминал за Сирија, каде што се приклучил на терористичката исламска држава (ИД), како активен учесник во борбата против владините сили во Сирија.

Првичните истражни материјали за овој случај се предадени во Обвинителството на Основниот суд за тешки кривични дела во Тирана за кривично дело „учество во вооружен активноси во странска држава“. Лицето Р.М. ќе биде екстрадирано.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сијамски близнаци успешно одвоени во Загреб, 14мина лекари ги оперирале 15 часа

saso user

Тачи и Весели тужени за клевета од лидерите на Самоопределување

saso user

Хрватка монструм користела дете за донации, не го однела на терапија и го оставила да умре (ВИДЕО)

saso user