Бизнис

Бројот на туристи пораснал за 0,1 отсто за пет месеци

Во мај годинава во земјава се евидентирани 98.998 туристи кои оствариле 205.356 ноќевања, покажуваат податоците на Држваниот авод за статистика.

Бројот на туристите во мај 2019 година во однос на истиот месец лани е намален за 4,8 %, а бројот на ноќевањата за 2,8%. Бројот на домашните туристи е намален за 4,1%, а на странските за 5,2%.

Бројот на ноќевања на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018, е намален за 11,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2,1%.

Во периодот јануари – мај 2019 година, пак, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0,1%. Кај домашните туристи е зголемен за  2,6 %, додека кај странските има намалување за 1%.

Бројот на ноќевањата е намален за 0,3%, и тоа: кај домашните туристи за 0,4%, а кај странските за 0,2%.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сертификат „Фер за потрошувачот“ за 45 компании

saso user

Заварувачи, бравари, водоинсталатери, електро техничари, месари, најбарани работници

saso user

МЕПСО ДЕМАНТИРА: Нема да пропадне проектот електроенергетско поврзување на Македонија со Албанија

saso user