Спорт Сцена

Бекам мамеше воздишки на Вимблдон, но тема на денот беше неговата коса ФОТО

Легендарниот англиски фудбалер за еден тениски меч во Вимблдон, одлично се дотерал, избирајќи трендовски костум со боја на влакно од камила што го искомбинирал со елегантна кошула и украсно марамче во џебот од палтото.

Стајлингот без грешка одлично му стоел, но многумина се запрашале дали Дејвид Бекам направил нешто со својата фризура, односно со бојата на косата која била видливо потемна од вообичаеното.

Не е тајна дека поранешната фудбалска ѕвезда многу внимава на фризурата, а исто така светските медиуми пишуваа и дека негов најголем страв е опаѓањето на косата.

Веќе претходно се шпекулираше дека легендарниот англиски репрезентативец се подложил на третмани за трансплантација на косата со цел таа да изгледа погуста, но јасно се забележувале и знаците на опаѓање. Сомневања дека нешто „правел на фризурата“ предизвикала неговата исклучително густа коса која подоцна ја покажал за време на посетата на Кина.

FOTO: Instagram/Printskrin

FOTO: EPA-EFE / GUILLAUME HORCAJUELO

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Сантијаго Бернабеу“ е прогласен за најпосетен стадион во светот

saso user

Сашко Коцев на Бубамара: Се моли Мира Дизел да се јави на бензиска, а роднините во Антикорупциска

saso user

Од Барса признаа: Нејмар сака назад на „Камп Ноу“

saso user