Број на текстови објавени денес: 126
Сцена

„Music Man“, нов сингл на Кирил Џајковски ВИДЕО

Кирил Џајковски го објави својот нов сингл „Music Man“, кој е претставен и со видео на неговите официјални интернет страници, а кој во официјална дистрибуција ќе се појави на 12 јули во издание на Филтер Лабел.

Повторно во соработка со пејачот Лајон Д, песната е мелодична комбинација од реге и џангл влијанија, промовирана во живо изминатиов период и одлично прифатена од публиката, за што сведочи и видеото од последниот настап на Кирил во Скопје.

Во петок, 12 јули, врвниот македонски уметник на електронската музика гостува со live настап на Д Фестивал во Дојран, каде што на главната бина ја предводи програмата за отворањето на Фестивалот. За оваа прилика, покрај неговиот концертен бенд и вокалистот Лајон Д, со Џајковски на сцената ќе настапи и ТК Вондер, како специјален гостин на ова издание на кое ќе бидат изведени и нови песни од нивната долгогодишна соработка.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Средбата на Меган и Бијонсе сепак била напната, пејачката го прекрши правилото дека кралското семејство последно доаѓа

saso user

Влат­ко Стефа­нов­ски спе­ци­ја­лен гос­тин на Стинг во Скопје!

saso user

Морничаво самоубиство на актерката Стефани Шерк, пронајдена на дното на базенот

saso user