Број на текстови објавени денес: 121
Спорт

Шкупи одигра нерешено во Ерменија во квалификациите за Лигата на Европа

ЛЕ: Шкупи одигра нерешено со Пјуник

Ѓумри, 11 јули 2019 (МИА) – Македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на Европа, Шкупи одигра нерешено 3:3 (1:2) на гостувањето во Ерменија кај Пјуник.

Иако гостинскиот тим имаше предност од 1:3 до 80-тата минута,на крајот ќе мора да се задоволи само нерешен резултат и со големи шанси за пласман во следното коло по реваншот во Скопје.

Бајрами на двапати (26`, 60`) и Илиески (43) беа стрелци за Шкупи, додека за домаќините прецизни беа Варданијан (пенал 4) Жестоков (80) и Манучаријан (85).

Реваншот е по една недела, а доколку го задржи позитивниотрезултат, скопскиот тим во следното колоизлегува против чешки Јаблонец.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меси не ја заслужува „Златната топка“, вели Мурињо

saso user

Андонова ја напушти Барселона и потпиша со Леванте

saso user

Санчез го напушта Јунајтед по крајот на сезоната

saso user