Број на текстови објавени денес: 126
Бизнис

Цената на нафтата порасна на 67,41 долари за барел

Цените на нафтата по шест недели го достигнаа максимумот поради евакуацијата на платформите во Мексикански Залив поради невремето, како и поради зголемените тензии со британскиот танкер.

Цената на северноамериканската нафта „брент“ е зголемена за 40 центи и се продава за 67,41 долар за барел.

Во исто време, американската „лесна“ нафта поскапи за 33 центи и се продава за 60,76 долари.

Зголемувањето на цената на нафтата е и поради падот на резерви во САД. Според податоците на американската Управа за енергетски информации (ЕИА) од 5 јули резервите во САД се намалени за 9,5 милиони барели, што е значителен пад во однос на предвидувањата на аналитичарите, кои прогнозираа пад од 3,1 милиони барели.

Производителите на нафта во САД вчера го намалија производството за речиси една третина во Мексикански Залив, пред една од првите големи бури во сезоната на урагани во тоа подрачје.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На Бектеши не му се слуша за метлата, сме имале двоцифрен раст

saso user

Герешајмер ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје од неколку десетици милиони евра

saso user

МЗШВ: Мерките во новите Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот се подготвуваа во комуникација со производителите на јаболка

saso user