Бизнис

Успешно заврши Летната балетска школа на ,,Еуролинк осигурување’’

Вчера во големата балетска сала при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, се одржа завршниот час од Летната Балетска школа организирана од Еуролинк Осигурување. Балетската школа започна на 19 јуни и во период од три недели младите балерини и балетани ги изучуваа вештините и основните техники во класичниот балет.

Летната балетска школа помина со многу забава и нови пријателства, а на завршната претстава која беше подготвена со многу љубов и труд, малите учесници пред своите родители презентираа што научиле во изминатите три недели. На тој начин се заокружи неколку неделното дружење и изучување на класичниот балет.

Еуролинк Осигурување заедно со балетскиот првенец Горан Божинов, на сите учесници во школата им додели сертификат за успешно завршена балетска школа.
Активноста е дел од Платформата за Корпоративна општествена одговорност.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Фајнанс тинк: Продуктивноста во администрацијата опадна за 13,3 отсто за седум години

saso user

Нема штета за туризмот во земјава, банкротираниот „Томас Кук“ не добил субвенции годинава

saso user

СДСМ: Се воведува „зелена нафта“, 200 милиони денари се враќаат кај земјоделците

saso user