Балкан

Уапсени двајца Срби осомничени за шпионажа во Косово

Косовската полиција соопшти денеска дека на граничниот премин Бела Земја на границата со Србија уапсила две лица осомничени за шпионажа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во краткото полициско соопштение се наведува дека лицата се косовски државјани од српска националност.

На осомничените, со одлука на надлежен обвинител, им е одредена мерката притвор.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Албански рибари уловиле од втората најопасна ајкула

saso user

Опасен руски криминалец се крие во Албанија

saso user

Теохарис: Грчкиот туризам издржа, Халкидики e подготвен да пречека нови туристи

saso user