Број на текстови објавени денес: 121
Македонија

Турција го ратификуваше протоколот за НАТО

Турција вечерва го ратификуваше протоколот за нашето членство во НАТО, а веста на Фејсбук ја објави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!“, напиша Шекеринска.

Досега околу две третини од НАТО членките го ратификуваа протоколот за прием на Македонија, а во останатите отпочнати се постапките за ратификацијата, како што се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, Франција, Холандија и САД.

Согласно процедурите, целиот процес се очекува да заврши до крајот на годинава, а на самитот на НАТО во Лондон во декември, земјава и формално да биде примена како полноправна членка на алијансата.

Photo: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Не возете по патот Струмица-Берово, одрон целосно го прекина сообраќајот

saso user

Собраниска делегација се сретна со претседателот на шкотскиот Парламент, Мекинтош

saso user

Поштар украл 23 пензии од сироти пензионери

saso user