Број на текстови објавени денес: 125
Свет

Трамп: Дали јас ќе станев претседател ако немаше социјални мрежи – најверојатно да

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер одговори на прашањето дали воопшто ќе станеше шеф на Белата куќа ако немаше социјални медиуми и порача дека ќе замине од власт дури во 2033 година.

„Белата куќа ќе биде домаќин на многу голем и многу важен Самит на социјалните мрежи. Дали јас ќе станев претседател ако немаше социјални мрежи? Да (најверојатно)! По неговото завршување, сите заедно ќе одиме на прес- конференција за пописот и државјанството“, напиша Трамп на Твитер.

Во својот следен твит, тој оцени дека лажните вести не се подеднакво важни, ниту толку моќни како социјалните мрежи, предвидувајќи пропаст на медиумите кои објавуваат лажни вести.

„Кога конечно ќе го напуштам кабинетот за шест години или можеби десет или 14 години (јас само се шегувам), тие наскоро ќе бидат надвор од бизнисот поради недостиг на кредибилитет или јавна поддршка“, напиша Трамп во серија пораки во кои себеси повторно се нарече „Стабилен гениј“.

Трамп потоа прогнозираше и пропаст на социјалните мрежи.

„Жалам што морам да кажам дека дури и социјалните мрежи ќе останат без работа заедно и конечно со медиумите кои објавуваат лажни вести“, наведе Трамп.

ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

САД основаат фонд од 10 милијарди долари за идната власт на Венецуела

saso user

Американските борбени авиони и на островот Галапагос, заштитен од УНЕСКО

saso user

Голем метеор експлодирал во земјината атмосфера во декември, соопшти НАСА

saso user