Број на текстови објавени денес: 127
Сцена

Рајко Дујмиќ е болен и затворен, а на сопругата не смее да и пријде

– Рајко Дујмиќ во моментот се наоѓа во затворската болница во Светошимунска. Јас не сум искрено сигурна зошто е таму, очигледно не се чувствува добро. Неговата здравствена состојба е негова лична работа – рекла за порталот „24сата.хр“адвокатката Сандра Ханчиќ од адвокатската фирма Грубеша и партнери кои на судот го бранат композиторот Рајко Дујмиќ (64), основач на некогаш една од најпопуларните групи „Нови фосили“.

Имено, Дујмиќ, како што рекла за „24сата.хр“, полицијата го сомничи за кривично дело на штета на неговата сопруга Снежана.

– Рајко е во истражниот затвор, меѓу другото, поради опасноста од влијание врз сведоците во текот на судењето. Поради тоа не ни смее да комуницира со сопругата – рекла Ханчиќ.

Како што неофицијално дознава хрватскиот портал, здравјето на Дујмиќ станува сe полошо и полошо. Наводно многу тешко дише и едвај се движи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почина легендарниот тапанар Хал Блејн

saso user

По 33 години Том Круз е повторно Маверик: Објавен трејлерот за „Топ ган“ ВИДЕО

saso user

Џенифер Лопез по четврти пат доби веренички прстен

saso user