Балкан

Портпаролот на грчката Влада: Повредени 23 лица, повеќето од нив туристи

Освен шестмината загинати и едно исчезнато лице во морето по невремето на Халкидики, хоспитализирани се 23 повредени лица, од кои една 72-годишна жена се наоѓа во критична состојба, информираше портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас на денешниот вонреден брифинг со новинарите за ситуацијата во северниот дел на земјата.

Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, дали имаат информации за повредените од која националност се, истакна само дека повеќето од нив се туристи.

– Информирањето за повредените е континуирано, се известуваат нивните амбасади. Не би сакал да коментирам пред да се известат нивните амбасади, но повеќето од нив се туристи – одговори Пецас.

Владиниот портпарол објасни дека од Министерството за надворешни работи ги известуваат амбасадите на земјите од каде што се жртвите и повредените.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, дипломатските претставаништва на Република Северна Македонија во Грција, не добиле официјално известување за македонски државјани меѓу повредените, а истото произлегува и од нивната сопствена иницијатива за добивање информации за повредени наши граѓани.

На денешниот вонреден брифинг за ситуацијата на Халкидики тој ги соопшти мерките што ќе ги преземе Владата и информираше за моменталната ситуација.

– За жал шест лица, двајца државјани на Русија, двајца од Чешка и двајца од Романија ги загубија животите, меѓу кои и две деца. Исто така 23 се повредени и хоспитализирани во болници на Халкидики и во Солун, од кои една 72-годишна жена е на интензивна нега во болницата „Папаниколау”. За жал таа е во критична состојба. Исто така еден граѓанин е исчезнат во морскиот дел на Каликратиа и во тек е акција со сите средства на крајбрежната служба за негово пронаоѓање – рече портпаролот на грчката Влада.

ФОТО: EPA / VERVERIDIS VASSILIS

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Истанбул: Кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу во водство

saso user

Церар заминува од лидерската функција во партијата, но останува министер

saso user

Опасен руски криминалец се крие во Албанија

saso user